Македонија Штетите од поплавите проценети на 25 милиони евра

Штетите од поплавите проценети на 25 милиони евра

Поплавите што ја зафатија Македонија во јануари и во февруари предизвикале штети од 25 милиони евра. Дури во 43 општини имало штети од излевањето на реките и на каналите. Најмногу штети се евидентирани кај аграрот, информираше министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Државата за обештетување на поплавените, освен од домашната каса, со финалниот извештај,   средства ќе бара од  ЕУ и од Светската организација за храна.