Македонија Штајнмајер го разгледа иконостасот во „Св. Спас“ и се поклони на гробот...

Штајнмајер го разгледа иконостасот во „Св. Спас“ и се поклони на гробот на Гоце Делчев

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, заедно со претседателот Стево Пендаровски, денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата.

Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Штајнмајер, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации, двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

Штајнмаер на прес-конференцијата истакна дека Германија е за поддршка на Македонија.

„Северна Македонија на патот кон ЕУ имаше потешкотии и довербата во ЕУ беше оптоварена. Државата е носечки столб на оваа заедница на вредности, па ќе треба овој важен чекор и формално да се исполни. Важен е исто така и внатрешниот реформски процес, кој ќе продолжи“, рече германскиот претседател.

Штајнмајер: Германија е овде за поддршка на Северна Македонија