fbpx

Штајнмајер: Германија е овде за поддршка на Северна Македонија

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер кој престојува во официјална посета на земјава. Покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Германија, по што претседателите Пендаровски и Штајнмајер одржаа заедничка прес-конференција.

„Оваа посета има и своја додадена вредност, бидејќи се остварува во време на крупни гео-политички турбуленции, кога имаме војна на европско тло која предизвикува серија на кризи кои се прелеваат, при што секоја земја се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет. Од друга страна, оваа посета се реализира во годината кога после многу одложувања ги започнавме преговорите со ЕУ“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Тој истакна дека Германија е еден од најблиските сојузници на Македонија и дека германските власти веќе три децении ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и нашиот регион.

„Разговаравме за безбедносната состојба во Европа и различните предизвици на тој план, во контекст на војната во Украина. Се обврзавме за унапредување на досегашната соработка во одбраната и во безбедноста, кои се важни аспекти и во нашите билатерални односи“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека е уверен дека Германија ќе продолжи да биде клучен политички и економски партнер на државата.

Штајнмаер пак, во своето обраќање кажа дека Македонија се наоѓа пред важна одлука, дали преку претстојната промена на Уставoт ќе го отвори патот кон ЕУ.

„Северна Македонија на патот кон ЕУ имаше потешкотии и довербата во ЕУ беше оптоварена. Државата е носечки столб на оваа заедница на вредности, па ќе треба овој важен чекор и формално да се исполни. Важен е исто така и внатрешниот реформски процес, кој ќе продолжи“, рече германскиот претседател.

Тој истакна дека Германија е овде за поддршка.

„Северна Македонија е дел од европското семејство со својата култура и јазик. Со тоа ќе се збогати Европската Унија и со тоа ќе се зголеми различноста на оваа заедница“, додаде Штајнмајер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...