Македонија Штајнмаер и Пендаровски во Чаршија јадеа баклава, пиеја чај и видоа како...

Штајнмаер и Пендаровски во Чаршија јадеа баклава, пиеја чај и видоа како се прави филигран

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. Германскиот претседател втор ден е во официјална посета на земјава.

Претседателите прошетаа низ Чаршијата, посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит. Таму, неизоставен дел беа и експонати на македонскиот рубин.

„Во Сули ан, претседателите поразговараа со студенти од Факултетот за ликовни уметности, при УКИМ и посетија едно од ателјеата каде се одржува нивната настава Претседателите Пендаровски и Штајнмајер престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Хатиџе Муратова и проследија инсерти од филмот „Медена Земја“, соопштија од претседателскиот кабинет.

Претседателот Стево Пендаровски вчера со највисоки државни и воени почести го пречека германскиот претседател. Тој истакна дека нашата земја има поддршка од Германија.

„Северна Македонија е дел од европското семејство со својата култура и јазик. Со тоа ќе се збогати Европската Унија и со тоа ќе се зголеми различноста на оваа заедница“, рече тој.