Свет „Шпигел“: Асад гради таен нуклеарен комплекс

„Шпигел“: Асад гради таен нуклеарен комплекс

Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека сириските власти во тајност градат подземен комплекс во кој би можеле да произведуваат атомско оружје.

Весникот, повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и на прислушувани разговори од страна на тајните служби“, пишува дека објектот, чие тајно име е „Замзан“, се наоѓа во планински реон во западниот дел на Сирија, кој е тешко достапен.

„Шпигел“ наведува дека во комплексот работат нуклеарни експерти од Северна Кореја и од Иран, а е обезбедуван од припадници на Хезболах.