Свет Европа Шпанскиот премиер му честитал на Ципрас за Договорот со Македонија

Шпанскиот премиер му честитал на Ципрас за Договорот со Македонија

Новиот премиер на Шпанија, му честитал на неговиот грчки колега за постигнатиот договор со Македонија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како објави АНА-МПА, честитките од Педро Санчез, Алексис Ципрас ги добил на маргините на неформалниот работен состанок во Брисел за бегалскиот проблем, а двајцата премиери се договориле да разговараат во следниот период.