Македонија Шилегов: Груевски излажа дека ќе вложи 33 милиони евра во здравството

Шилегов: Груевски излажа дека ќе вложи 33 милиони евра во здравството

Никола Груевски денеска излажа дека ќе вложи 33 милиони евра за медицинска опрема и за апарати во здравството, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Во буџетот на Македонија не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството. И 4,5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи. Тоа значи дека Никола Груевски лаже дека ќе има наводни инвестиции во здравството од 33 милиони евра. Никола Груевски излажа и кога најави 140 градинки за 25 милиони евра. Во истиот овој буџет се предвидени само 1.290.000 евра за детски установи и тие, исто така, се за наредите три години – рече Шилегов.

Според портпаролот на СДСМ, граѓаните се оставени да умираат по болниците поради лошиот здравствен систем кој, како што рече Шилегов, 10 години се темели само на тендери од кои профитираат „фамилијата и нејзините соработници“.