Македонија Шествалентните вакцини ќе почнат да се употребуваат од август

Шествалентните вакцини ќе почнат да се употребуваат од август

Шествалентните вакцини вчера пристигнаа во Македонија и од август ќе почнат да се користат, најави денеска премиерот Никола Груевски. Тој рече дека во наредните недели вакцините ќе се распределат низ сите јавни здравствени установи.

– Околу 1 август ќе почне користењето на шествалентните вакцини. Што се однесува до петвалентните вакцини, тие треба да пристигнат на почетокот на август, а веднаш по нивното пристигнување, ќе поче дистрибуцијата и нивната употреба ќе почне од први септември – изјави Груевски.