Хроника Шест странски државјанки нелегално работеле како танчерки во тетовски локал

Шест странски државјанки нелегално работеле како танчерки во тетовски локал

Екипа на СВР Тетово ноќва извршила контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово, каде биле затекнати шест странски и една македонска државјанка кои работеле како танчерки, информираат од полицијата.

Пет од странските државјанки биле од Бугарија и една од Србија, на возраст од 23 до 31 година.

Девојките и сопственикот на локалот, Б.М. (34), биле приведени и задржани во полициската станица во градот.

Како што информираат од полицијата, странските државјанки имале уредно регулиран престој во земјава, но престојувале спротивно на целта, односно нелегално работеле во локалот.

Тие во текот на денот треба да бидат изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Тетово.