Свет Шест лица загинаа во невреме во САД

Шест лица загинаа во невреме во САД

Најмалку шест лица загина, повеќе десетици се повредени, а две се водат за исчезнати во невремето и во торнадото што во средата го зафатија истокот на САД, јавуваат локалните медиуми.

Неколку населби се во урнатини во налетот на торнадото, кое опустоши неколку сојузни држави.

Опасноста и понатаму е присутна, имајќи предвид дека други силни торнада им се закануваат на Тенеси, Алабама, Кентаки и на дел од Мисисипи, јавува националната метеоролошка служба.