Свет Свет Шест држави ги прекинаа транспортните врски со Катар

Шест држави ги прекинаа транспортните врски со Катар

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Јемен и Либија ги прекинаа транспортните врски со Катар, обвинувувајќи ја земјата дека го поддржува тероризмот. Овие држави го обвинуваат Катар дека ги поддржува екстремистичките групи и ја шири нивната насилничка идеологија.

Катар, исто така, е исклучен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори во Јемен. Овие мерки се посериозни од тие во 2014 година, кога Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Американски Емирати ги повлекоа своите амбасадори од Доха.

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, изјави дека не очекува оваа одлука сериозно да се одрази на борбата против Исламска држава.

Тој ги повика земјите, кои се членки на Советот за соработка во Заливот, да ги надминат разликите.