Македонија Шекеринска утре и задутре ќе учествува на Северноатлантскиот совет на НАТО

Шекеринска утре и задутре ќе учествува на Северноатлантскиот совет на НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска утре и задутре (13-14 февруари) во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, што е прво учество на министер од нашата земја на официјален состанок на Алијансата по потпишувањето на Протоколот за пристапување, информираат од Министерството за одбрана.

„Министерката во седиштето на Алијансата ќе има голем број билатерални средби и тоа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со министрите за одбрана на Велика Британија, Канада, Грција, Бугарија,  Белгија и Турција. Со учеството на министерката Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет, стануваме активен дел од Алијансата, а по процесот на целосна ратификација на пристапниот протокол, кој веќе заврши во грчкиот и во словенечкиот парламент, и официјално ќе имаме право на глас на сите состаноци на НАТО“, соопштуваат од МО.