Македонија Шекеринска: Без прочистен список и регулација на медиумите, нема демократски избори

Шекеринска: Без прочистен список и регулација на медиумите, нема демократски избори

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во придружба на претседателката на комисијата за информатичко општество, Цветанка Иванова, и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ги посетија жителите на општина Радовиш.

– Вашите реални проблеми и проблемите на граѓаните не можат да допрат до јавноста затоа што провладините медиуми, преплатени со наши пари, прикажуваат поинаква, виртуелна реалност – рече Шекеринска, додавајќи дека корупцијата, криминалот, реалноста веќе 10 години се кријат со помош на медиумскиот мрак.

Шекеринска на насобраните граѓани им презентираше дел од програмата на СДСМ.

– Целта на нашата програма, која ја работевме заедно со вас е да ги промениме работите во државата, да обезбедиме иднина за младите дома, минималната плата да изнесува речиси 30.000 денари, ќе ги укинеме извршителските трошоци, ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, криминалот ќе биде победен. Заедно со вас Македонија ќе биде добро место за живеење, добро за сите – рече Шекеринска, додавајќи дека без прочистен список и без регулација на медиумите, нема слободни, фер и демократски избори.