Македонија Шарпланинец од Прилеп победник на државното првенство

Шарпланинец од Прилеп победник на државното првенство

Шарпланинец

Вчера, во паркот со авион, во општина Аеродром, се одржа шеснаесеттото по ред државно првенство за шарпланинци.

На изложбата учествуваа 55 шарпланинци, а победник е шарпланинецот од Прилеп, кој воедно е и европски првак на натпреварот во Брно оваа година.

Изложбата на шарпланинци ја организираше Кинолошкиот сојуз на Македонија и Македонскиот клуб на овчарско куче шарпланинец.

Целта на изложбата е афирмација на шарпланинецот како единствена автохтона раса во Македонија, чие име потекнува од местото на потекло – Шар Планина.