Македонија Шалтерите за подигнување лични документи во МРТВ и Беко работат и денеска

Шалтерите за подигнување лични документи во МРТВ и Беко работат и денеска

Ова соопштение од МВР доаѓа откако се ширеа застрашувачки видеа и слики од гужвите кои се стварале при подигнувањето на нови лични документи

Фото: Мета.мк

Министерството за внатрешни работи соопшти оти шалтерите за издавање на готови пасоши и лични карти во МРТВ и Беко ќе работат и денеска, во сабота.

Ова најава доаѓа откако се ширеа застрашувачки видеа и слики од долгите редици кои се формирале при подигнувањето на нови лични документи. Медиумите известија оти некои граѓани чекале и по пет часови.

Според Преспанскиот договор, личните документи мора да се заменат до 12 февруари годинава и на нив да пишува „Северна Македонија“.