Свет Европа Шакира се договори со шпанските обвинители, избегнато судењето за даночна измама

Шакира се договори со шпанските обвинители, избегнато судењето за даночна измама

Пејачката платила казна од 7,5 милиони евра, додека обвинителите за неа бараа осум години затвор и казна од 23,8 милиони евра

Шакира / Condé Nast (through Vogue Taiwan), CC BY 3.0 , via Wikimedia Commons

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира постигна договор со шпанските обвинители за разрешување на случајот на даночна измама и тоа непосредно пред судењето на започне. Шакира пред судот во Барселона требаше да се соочи со обвиненија за даночна измама тешка 14,5 милиони евра.

Пејачката платила казна од 7,5 милиони евра, додека обвинителите за неа бараа затворска казна од осум години и казна од 23,8 милиони евра, доколку биде прогласена за виновна, јави Би-би-си.

Шакира, која постојано негира дека сторила нешто лошо, рече дека одлучила да постапи „во најдобар интерес на децата“.

Таа рече дека нејзините деца не сакале да ја видат нивната мајка како ја жртвува својата лична благосостојба во оваа борба.

Пејачката претходно ја отфрли понудата за договор од обвинителите и одбра да оди на судење.

„Во текот на мојата кариера секогаш се стремев да го правам она што е правилно и да давам позитивен пример за другите. За жал, и покрај овие напори, даночните власти во Шпанија покренаа тужба против мене како што направија против многу професионални спортисти и други поединци од висок профил, со што со години им ги трошеше енергијата, времето и спокојството на тие луѓе“, изјави Шакира.

Во центарот на случајот е статусот на државјанството на Шаќира меѓу 2012 и 2014 година, период за кој обвинителите тврдат дека живеела во Шпанија, а нејзиното официјално живеалиште го навела на друго место. Според шпанскиот закон, луѓето кои поминуваат повеќе од шест месеци во земјата, се сметаат за резиденти за даночни цели. Но, Шакира вели дека Шпанија не била главното место каде што таа живеела во тоа време.

Обвинителите во јули издадоа документ во кој се тврди дека таа купила куќа во Барселона во 2012 година, која станала семеен дом за неа и нејзиниот тогашен партнер, фудбалерот на Барселона, Жерар Пике.

Нејзините адвокати, пак, рекоа дека до 2014 година најголемиот дел од нејзиниот приход доаѓал од меѓународни турнеи и дека поминувала долги делови од времето надвор од Шпанија.

Шакира ја прогласи Шпанија за нејзино место на живеење за даночни цели во 2015 година. Таа рече дека платила данок од 17,2 милиони евра и оти нема неподмирени долгови.

Во посебен случај во 2019 година, Пике беше казнет со 2,1 милиони евра од шпанскиот национален суд за затајување данок помеѓу 2008 и 2010 година.

Парот на почетокот на јуни објави дека се разделиле по 11 години. Заедно имаат два сина.