Свет Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Северна Кореја денеска лансирала балистичка ракета во море, кај источниот брег, само неколку дена откако лидерот на земјата, Ким Џонг Ун, нареди понатамошни проби на нуклеарни боеви глави и ракети, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

Портпаролот на министерството наведе дека ракетата е лансирана од Сукчон, на југозападот на Северна Кореја. Тој додаде дека ракетата минала 800 километри до Источното Море.

Засега не се знае за кој тип ракета станува збор.

САД денеска ја повикаа Северна Кореја да се воздржи од потези што ги зголемуваат тензиите, откако Пјонгјанг лансираше балистичка ракета.

Американскиот Стејт департмент во соопштението наведува дека будно ја следи ситуација и апелира Северна Кореја да се насочи кон преземање конкретни чекори кон исполнување на своите меѓународни обврски.

Неименуван американски претставник на одбраната тврди дека Пјонгјанг лансирал две ракети, истакнувајќи дека со тоа се крши резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
Стејт департментот не ја потврди оваа информација.