Дописници Семинар посветен на невладиниот сектор се одржа во Тирана

Семинар посветен на невладиниот сектор се одржа во Тирана

Семинар посветен на невладиниот сектор на тема „NGO Connection Day“, организираше фондацијата „Метаморфозис” во соработка со движењето „Доста“ од Тирана, Албанија.

На собирот на претставниците на граѓанскиот сектор, им беше овозможено да дознаат повеќе за можностите како да аплицираат за софтверски донации од програмата „TechSoup Balkans“.

Беа презентирани достапните технологии кои можат да придонесат за подобрување на работата на граѓанските организации.

На семинарот забележително учество имаа и претставниците на македонско друштво „Илинден” од Тирана и од огранокот за Голо Брдо.

– Заклучокот од одржаниот „NGO Connection Day”, беше дека со вакви презентации ним ќе им се овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на информатичко-комуникациски технологии, преку интерактивни програми. А тоа, во голема мера ја олеснува комуникацијата со соодветни организации и изработка на проекти – изјави за „Мета“, претседателот на македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓургај.