Македонија Секоја осма мигрантка што влегува во Македонија е трудна

Секоја осма мигрантка што влегува во Македонија е трудна

Агенцијата на ОН за деца (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека во последните три месеци тројно е зголемен бројот на жените и на децата меѓу бегалците што минуваат низ Македонија кон Западна Европа.

Како што се наведува во соопштението објавено во Женева, околу 3.000 лица дневно минуваат низ земјава, а секоја осма жена е трудна.

Според податоците на УНИЦЕФ, четири од пет бегалци доаѓаат од Сирија.

Најмалку 52.000 мигранти се регистрирани во Гевгелија, на македонско-грчката граница.