Свет Седумдесет и четири повредени во железничка несреќа во Индија

Седумдесет и четири повредени во железничка несреќа во Индија

Најмалку 74 лица се повредени откако воз излета од шините во Утар Прадеш, што е втора железничка несреќа во оваа индиска држава во последните три дена.

Возот „Кафијат експрес“ утринава удрил во камион кој превезувал градежен материјал, по што осум вагони излетале од шините.

Во несреќата во неделата загинаа 23 лица, кога од шините излетаа 14 вагони. Истрагата за овој инцидент се уште е во тек.

Несреќите се релативно чести во Индија, која има голема, но лошо одржуваа железничка мрежа. Дневно во Индија се сообраќаат 9.000 возови, кои превезуваат околу 23 милиони патници.