Свет Седум загинати при експлозија на бомба на протест во Пакистан

Седум загинати при експлозија на бомба на протест во Пакистан

Бомба експлодира за време на протестниот собир во источниот пакистански град Лахор, убивајќи најмалку седум лица, соопшти полицијата.

Локален полициски претставник изјавил дека експлозијата се случила кога човек со мотоцикл влетал во повеќе стотини аптекари, кои протестираат поради измените на законот за продажба на лекови.

Во експлозијата се ранети околу 40 лица.

Фракција на Талибанците ја презеде одговорноста за нападот.