Свет Свет Седма година по ред, Ангела Меркел е највлијателна жена според магазинот „Форбс“

Седма година по ред, Ангела Меркел е највлијателна жена според магазинот „Форбс“

Магазинот „Форбс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за највлијателна жена во светот за 2017 година. Меркел на врвот на листата на „Форбс“ се наоѓа веќе седма година по ред. Листата на 100 највлијателни жени беше објавена денеска.

На второто место се наоѓа британската премиерка Тереза Меј, која доаѓа на местото на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон. Таа на оваа позиција на „Форбс“ беше лани.

На трето место на листата на највлијателни жени е и Мелинда Гејтс, сопругата на основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Помеѓу десетте највлијателни жени во светот се и директорките на компаниите „Јутјуб“, „Фејсбук“, како и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.