Дописници Сечел дрва, стебло го згмечило и починал

Сечел дрва, стебло го згмечило и починал

Дрвосечач од Кочани почина од пресеченото стебло, кое паднало врз него. 71-годишниот Симеон М. вчера, околу 8.30 часот, настрадал додека сечел дрва заедно со К.Г. во реонот на кочанското село Јастребник.

Штипски СВР соопшти дека повредениот човек веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Штип, а оттаму итно бил пренесен на скопските клиники, каде починал.