Економија Се зголемува невработеноста во САД

Се зголемува невработеноста во САД

Во американската економија во март биле отворени 215.000 работни места, но стапката на невработеност се зголемила, покажуваат денеска објавените податоци на американското министерство за труд.

Бројот на нови работни места е подобар во однос на очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале отворање на 200.000 работни места, но и покрај тоа стапката на невработеност се зголемила на пет отсто од 4,9 отсто од февруари.

Благодарејќи на топлата зима, градежните компании минатиот месец отвориле 37.000 нови работни места.

Поголемиот број на работни места ја поттикнуваат приватната потрошувачка, чијшто раст забавил од минатата зима. Во февруари, приватната потрошувачка пораснала само за 0,1 отсто.