Македонија Се запалила котларницата во хотелот „Епинал“ во Битола

Се запалила котларницата во хотелот „Епинал“ во Битола

Црн дим ја обвил зградата на хотелот „Епинал“ во Битола денеска напладне, што веднаш го привлекло вниманието на битолчани.

Според битолските пожарникари, станува збор за пожар во котларницата на хотелот, кој бргу бил ставен под контрола.