Свет Свет Се урна ирански воен авион

Се урна ирански воен авион

Ирански воен авион се урна денеска во близина на пакистанската граница, јави иранската државна телевизија, додавајќи дека и двајцата пилоти загинале.

Авионот „фантом“ паднал на околу 70 километри од воздушната база Конарак, на околу 1.450 километри југоисточно од Техеран.

Причината за падот засега не е позната, наведе телевизијата, додавајќи дека двајцата пилоти биле на обука.