Видео Се урна авион на „Џерманвингс“, засега не се знае бројот на патници

Се урна авион на „Џерманвингс“, засега не се знае бројот на патници

„Ербас А320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи. Нема преживеани. Засега не се знае колку лица биле во авионот, јавува „Раша тудеј“.

Според првичните информации, во авионот имало 148 лица, но француската контрола за летање тврди дека настрадале 150 лица, додека од Германија доаѓаат информации дека имало вкупно 154 лица. Повеќето жртви се државјани на Германија и на Шпанија.

Урнатиот авион летал на линијата Барселона – Дизелдорф. Авионот се урнал кај градот Барцелонет, кој се наоѓа на околу 100 километри северно од Ница.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс претходно соопштија дека најверојатно нема преживеани, а потоа државниот секретар за транспорт, Ален Видали, ја потврди информацијата.

Во 10.47 часот по локално време, пилотот ѝ јавил на контролата за летање дека има проблеми и оти ја намалил висината за околу 1.500 метри. Набргу потоа авионот исчезнал од радарите, а наскоро е потврдено дека се урнал над Алпите.
Остатоците од авионот ги лоцирал француски воен хеликоптер, а компанијата „Џерманвингс“ засега нема информации која е причината за уривањето на авионот.