Свет Европа Се урна руски бомбардер, загинаа двајца пилоти

Се урна руски бомбардер, загинаа двајца пилоти

Руски воен авион се урна во текот на пробниот лет, а во несреќата загинале двајцата пилоти, соопшти руското министерство за одбрана.

Бомбардерот „су-24“ се урнал за време на полетувањето на аеродомот во регионот Хабаровск на истокот на Русија, а причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Ова е петта несреќа на руски воени авиони во последниот месец, но прва во која има жртви.

Во петокот „миг-29“ се урнал на југоистокот на Русија, но пилотот ја преживеал несреќата. Ист таков авион падна во јуни на југот на земјата, а двајца членови на екипажот останаа неповредени.

Исто така во јуни, бомбардер „су-34“ се преврти за време на слетувањето, а „ту-95“ излета од пистата.