Свет Балкан Се шири пожар на југоистокот на Бугарија

Се шири пожар на југоистокот на Бугарија

Пожарот кој избувна во селото Дрипчево во општината Харманли на југоистокот на Бугарија, се шири. Локалните власти најавуваат дополнително ангажирање луѓе за негово гаснење.

Освен шест противпожарни и три шумски возила, денеска ќе биде ангажирана и војската, соопшти локалната противпожарна единица во градот Хасков.

Во гаснењето ќе биде вклучена и механизација на термоелектраната „Марица-исток“, како и противпожарната единица на Пловдив.

Во пожарот досега изгореле 3.500 хектари шума, но засега нема опасност за локалното население.