Свет Се самозапалил пред јапонската амбасада во Сеул

Се самозапалил пред јапонската амбасада во Сеул

Еден постар Јужнокореец се самозапали пред Амбасадата на Јапонија во Сеул, на протест одржан неколку дена пред одбележувањето на 70-годишнината од јапонската колонизациска окупација на Корејскиот Полуостров.

Човекот, за кој медиумите јавуваат дека има околу осумдесет години и оти не е во животна опасност, се запали во текот на демонстрациите на кои учесниците барале раководството на Јапонија да се извини што ги принудувало Корејките да работат во воени бордели за време на Втората светска војна.

Кога букнал во пламен, насобраните притрчале да му помогнат, а потоа со брза помош е пренесен во болница.

Пожарникарите велат дека човекот бил жив кога го однеле во болница, а медиумите, повикувајќи се на очевидци, велат дека со себе имал шише течност која мирисала на бензин.