Македонија Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

Енес Омерагиќ, кој синоќа во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица, се самоубил во својата куќа, која била опколена од полицијата.

Според босанската полиција, Омерагиќ го сторил тоа со активирање експлозив.

Претходно, Омерагиќ пукајќи од автоматско оружје, убил двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жената што работела во обложувалницата. Потоа тој стрелал во автобус на градскиот превоз, при што го ранил возачот, додека двајца патници добиле полесни повреди од скршените стакла на автобусот.

Премиерот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, по итната седница на владата во Сараево, најави дека безбедноста ќе биде зголемена на највисоко ниво.