Култура Се реконструира Домот на културата во Богданци

Се реконструира Домот на културата во Богданци

Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година

Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се реконструира во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“, кој го спроведува Општина Богданци со пари од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европска Унија.

Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година, а ќе се изврши замена на замена на подот и на покривот, обновување на ѕидовите и реновирање на кино-салата, како и опремување со нов мебел, аудио и видеоопрема. Изведувач на градежните работи е претпријатието „Виа“ ДОО од Вевчани.