Хроника Се преврте трактор, загинати и повредени повеќе деца

Се преврте трактор, загинати и повредени повеќе деца

Денеска попладне во Велес, атарот на селото Бузалково кај местото викано .„Врбица“ З.С.(2002) управувајќи трактор на кој имало неколку деца изгубил контрола над него по што се превртел во провалија.

При незгодата на лице место починал В.А.(2002), а Х.А.(2005), Џ.С.(2004) се пренесени во Клиничкиот центар- Скопје со телесни повреди, а Е.С.(2009) со тешки телесни повреди (скршеница на нога и повреди во стомакот) исто така е пренесен во Клиничкиот центар Скопје, додека З.С. е пренесен во Клиничката болница исто така со тешки телесни повреди.