Македонија Се повлекува чоколадо „Милка Орео“ од 37 грама, содржело пластика

Се повлекува чоколадо „Милка Орео“ од 37 грама, содржело пластика

Причината за отповикување, според АХВ, е „присуство на пластични фрагменти“. Серискиот, односно лот бројот на проблематичниот чоколаден бар е OSK0934652

фото: Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) од 6 март 2024 година

Од средата, 6 март, се врши отповикување на чоколаден бар „Милка Орео“ од 37 грама, извести Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Отповикувањето го врши операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, која воедно е и увозник и дистрибутер на чоколадото, додека производител е компанијата „Mondelez Polska Production SP Zoo“.

Причината за отповикување, според АХВ, е „присуство на пластични фрагменти“.

Серискиот, односно лот бројот на проблематичниот чоколаден бар е OSK0934652, со рок на употреба до 18.08.2024 година.