Македонија Се отвора хуманитарен пункт во Скопје за настраданите од пожарите во Источна...

Се отвора хуманитарен пункт во Скопје за настраданите од пожарите во Источна Македонија

Меѓу добрата кои се најпотребни се конзервирана храна, душеци, ќебиња, чаршафи, перници, сочувана испрана облека и патики

Фото: ЦУК (30 јули 2024)

Денеска во Скопје се отвора хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои ги изгубија своите домови во Источна Македонија.

Пунктот се наоѓа до трговскиот центар Ист Гејт Мол, до комуналното претпријатие и супермаркетот „Еконас“, во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин.

Волонтерите на хуманитарниот пункт ќе работат од 16 до 20 часот.

Меѓу добрата кои се најпотребни е наведено конзервирана храна, душеци, ќебиња, чаршафи, перници, сочувана испрана облека (сортирана на принцип машка или женска, величина и возраст – обележано на ќесата), патики (машки или женски, сите броеви во ќеса дезинфицирани).

За мебел, покуќнина и градежен материјал се најавени дополнителни соопштенија откако ќе заврши чистењето на теренот.

Заинтересираните граѓани кои сакаат да донираат може да се обратат и на телефонскиот број 070601068 (од 9 до 21 часот).

Хуманитарната акција е координација на коалиција предводена од Хуманитарни акции.мк, Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и ИПО Интернационална полициска организација.