Забава Се омажи најљубоморната жена во Британија

Се омажи најљубоморната жена во Британија

На Деби Вуд и е дијагнозирана ретка психичка состојба која и предизвикува опсесивна љубоморна

Деби Вуд, најљубоморната жена во Велика Британија, која пати од таканаречениот синдром „Отело“, се омажи за својот свршеник. На оваа жена ѝ е дијагностицирана ретка психичка состојба која ѝ предизвикува опсесивна љубомора. Таа го тестиралa својот свршеник Стив Вуд на детектор за лаги секојпат кога се враќал дома за да открие дали ѝ бил верен. Деби постојано му го проверува телефонот, електронската пошта и банкарските сместки. На Стив, исто така, му е забрането да гледа жени на телевизија или во списанија.

– Сега, откако конечно знам што не е во ред со мене, ми е полесно, но сè уште имам долг пат за ми стане подобро. И кога Стив оди да купи млеко и е отсутен само 15 минути, јас го терам да користи детектор за лаги само што ќе влезе дома – вели Деби Вуд.