Македонија Се одржа 13. Комитет за стабилизација и асоцијација

Се одржа 13. Комитет за стабилизација и асоцијација

Тринаесеттиот Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европска Унија се одржа денеска во Скопје, а во неговиот фокус беше степенот на исполнување на политичките и на економските критериуми.

„Комитетот за стабилизација и асоцијација се осврна на степенот на исполнување на политичките и економските критериуми во изминатиот период, како и на степенот на имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација. Претставниците на Република Македонија ја потврдија посветеноста на процесот на европска интеграција како клучен стратешки приоритет на земјата и се заложија да покажат конкретен напредок во спроведувањето на обврските од ЕУ-агендата, особено во областите на итните реформски приоритети. Во овој контекст, за време на состанокот се направи краток осврт на клучните настани и планирани активности во однос на политичките и на економските критериуми“, информираат од СЕП.

Резултатите од одржаниот состанок на Комитетот ќе бидат презентирани во рамките на Советот за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одржи во јули 2016 година.

На Комитетот претставник на Секретаријатот за европски прашања била Ана Блажевски, државен секретар во СЕП, a Дејвид Кулен, раководител на одделение за Република Македонија во Директорат за проширување и соседска политика, претседаваше од страната на Европската комисија.