Македонија Се одложи судењето за Беса транс, компанијата немала официјален застапник

Се одложи судењето за Беса транс, компанијата немала официјален застапник

Фото: АМета.мк

Судот денеска го одложи првото рочиште од судењето за „Беса Транс” бидејќи не беше можно да прифати во оваа постапка обвинетиот сопственик и управител на фирмата да биде и овластен претставник на компанијата како обвинето правно лице. Следното рочиште за превозникот во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски државјани повторно ќе се одржи 15 ноември.

„Се задолжува обвинетиот, согласно член 511, како управител на правното лице, да определи претставник од редот на одговорните лице и од вработените во правното лице“, рече судијата Ивица Стефановски кој го води процесот.

Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа”.

Основното јавно обвинителство – Скопје на 5 септември поднесе кривична пријава за фалсификување исправа против управителот на „Беса Транс“. Тој е обвинет дека им давал на возачите кои управувале со автобусите лажен Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај и со неа тие ја преминувале државната граница.

Скопското обвинителство поднесе кривична пријава против управителот на „Беса Транс“