Македонија Се одложи јавната расправа во Апелација за затворската казна за Груевски

Се одложи јавната расправа во Апелација за затворската казна за Груевски

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на самиот почеток беше одложена јавната седница на која се разгледува жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра, со која тој доби двегодишна затворска казна.

Одложувањето беше поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

Седницата е презакажана за утре.