Економија Се очекува зголемување на цените во градежништвото

Се очекува зголемување на цените во градежништвото

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика.

Оцената за финансиската состојба и оцената за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 18,9 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 17,8 проценти, зголемените трошоци за труд со 13 проценти и недостигот од обучен кадар со 12,5 проценти.