Галерија Трибина на СДСМ: Се нарачувале стотици лични карти за изборите

Трибина на СДСМ: Се нарачувале стотици лични карти за изборите

Со извиците „Зоки“, „Стево“, „Рада“, почна трибината на СДСМ во „Универзална сала“.

Во првиот блок беа објавени три аудиоснимки, кои според Владимир Лазовски, модераторот на трибината, ги илустрираат малверзациите со лични карти во текот на изборните процеси. Министрите Гордана Јанкулоска, Спире Ристески и Миле Јанакиески, според модераторот, нарачуваат лични карти за изборите во Струмица и во Ресен. Јанакиески нарачува 300 лични карти, се слуша на првот разговор.

Во втората аудиоснимка, пак, Ристески зборува со Јанкулоска за висок ризик на работата што ја договараат.

Во третата, Миле Јанакиески со соговорник разговара за лични карти.