Економија Се намалуваат депозитите на компаниите и на граѓаните

Се намалуваат депозитите на компаниите и на граѓаните

Вкупните депозити во јануари изнесувале 4,87 милијарди евра и се намалиле за околу 80 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесувале 4,95 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народна банка.

Депозитите на компаниите во јануари се намалиле за 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра.

Заштедите на граѓаните, исто така, доживеале пад во јануари и изнесуваат 3,5 милиони евра за првиот месец од годинава.