Македонија Се намалува бројот на заразени со грип

Се намалува бројот на заразени со грип

Од 15 до 21 април 2024 во земјава биле пријавени 120 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела

Фото: Photo by Matteo Fusco on Unsplash

Се намалува бројот на заразени со грип, покажуваат бројките од Институтот за јавно здравје. Од 15 до 21 април 2024 во земјава биле пријавени 120 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 16-та недела од минатата сезона, пак, е зголемен за 4,6 пати, се вели во најновиот извештај на ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 86 лица од болните биле на возраст од 15-64 години, 16 се деца на возраст од 5-14 години, 12 се лица на возраст над 65 години и 6 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Најголем број од заболените се во Гостивар – 55, Неготино – 20 и Скопје – 15.

Во 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 14.908. Заклучно со 21 април, во земјава вакцинирани се вкупно 61.826 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.