Хроника Се качил на вагон да се фотографира, го удрила струја

Се качил на вагон да се фотографира, го удрила струја

Тинејџер вчера добил изгореници од струен удар и завршил во Ургентен центар, откако се качил на вагон за да се фотографира, извести СВР Скопје.

Несреќата се случила во 19.10 часот во Скопје, во депото на „Македонски железници“, поточно во близина на Блок 1. Момчето на возраст од 15 години, кое сакало неговата другарка да го фотографира, се качило на вагон-цистерна, по што се доближило до електричниот вод кој бил под висок напон и притоа добило струен удар и изгореници.

Вработени во „Македонски железници“ повикале брза помош, која го пренела момчето во Ургентен центар – Скопје, каде е задржано на понатамошно лекување.