Пристигнаа новите локомотиви, до 2022 година треба да се обноват шест моторни возови

-

Во Скопје деновиве пристигнаа последните три од нарачаните четири електрични локомотиви за потребите на Железници – Транспорт. Новите кинески локомотиви постепено ќе се пуштаат во сообраќај за потребите на товарниот железнички сообраќај, а една од нив веќе е ставена во функција за влечење на товарните возови. Инвестицијата за обнова на возниот парк е во висина од 7 милиони евра, а новите влечни средства се набавени од кинескиот производител „ЦРРЦ Џуџоу“.

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ информираат дека владата на крајот од декември го усвоила Бизнис планот на Железници – Транспорт за периодот 2020 – 2022 година. Со него, за реконструкција и модернизација на возниот парк е предвидено да се одвојат дополнителни 7 милиони евра.

Од нив, за обнова на шест патнички моторни гарнитури до крајот на 2022 година ќе се одвојат околу 860.000 евра, кои ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за транспорт и врски. Преку кредитни задолжувања е предвидено да се обноват 12 локомотиви, за што ќе се потрошат 4,6 милиони евра. Дополнително, државниот железнички оператор во периодот 2020 – 2022 година ќе издвои над 1,5 милиони евра за обнова на 222 вагони за потребите на товарниот сообраќај.

Со пристигнувањето на новите локомотиви и со обновата на постојниот возен парк се очекува пораст на транспортот на стоки и патници на македонските пруги. Кинеските електрични локомотиви ќе треба да го зголемат обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, додека средствата за реконструкција и модернизација на патничките возови треба да обезбедат непречено функционирање на патничкиот железнички превоз.

Железничкиот товарен транспорт во изминативе три години бележи благ пораст на превезените тони стока, додека кај патничкиот сообраќај се регистрирани рекордно ниски резултати. Во првите три квартали од 2019 година со воз во земјава патувале само 401.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...