Македонија Се истражуваат изборни измами во Струмица, за СДСМ тоа е бегање од...

Се истражуваат изборни измами во Струмица, за СДСМ тоа е бегање од темата

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека денеска спровело акција во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето во општина Струмица.

„Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на претседателските и на парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција, одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица, претежно граѓани гласачи“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.​

За оваа акција реагираше и портпарлот на СДСМ, Петре Шилегов, според кој, акцијата не е ништо друго туку обид да се избега од темата, односно од фактичкиот изборен криминал на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денешниот обид на партиско-обвинителските структури во Република Македонија не е ништо друго туку неуспешен обид на Никола Груевски да избега од сопствениот изборен криминал и од изборниот криминал на неговите соработници. На Никола Груевски му е јасно дека паѓа од власт на следните избори. Тоа ќе му го испорачаат токму граѓаните на Македонија на следите избори – додаде Шилегов.