Македонија СДСМ во Виница и во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и во Гевгелија,...

СДСМ во Виница и во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и во Гевгелија, ДПА во Отља

Политичките партии се петти ден во кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Предизборниот караван на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има митинг во Валандово во 17.30 часот и во Гевгелија во 20 часот.

СДСМ и коалицијата денеска ќе имаат митинг во Виница во 17.30 часот и во Кочани во 19 часот, а ДПА во селото Отља, општина Липково, во 18.30.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, ќе има прес-конференција во седиштето на партијата, а носителите на изборните единици 1 и 2, Артан Груби и Ејуп Алими, ќе имаат прес-конференција на патот кон Блаце во 13 часот.

Ден Дончев, носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата ВМРО за Македонија, во Скопје ќе има средби со граѓани пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во 11 часот, а носителот на коалициската кандидатска листа во четвртата изборна единица, Љубчо Георгиевски, ќе има прес-конференција во ГТЦ во 12.30 часот.

Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Чаир во 18 часот и во Студеничани во 20 часот.