Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и да се откаже од блокадите...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и да се откаже од блокадите во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да работат во интерес на граѓаните и да ги поддржат поднесените закони што носат придобивки за сите граѓани, апелираат од СДСМ преку соопштение до медиумите.

„Законот за минимална плата, Законот за стечајци и укинувањето на радиодифузната такса што ќе се најдат пред пратениците ќе придонесат за повеќе пари кај граѓаните, за намалување на социјалните разлики и за исправање на децениската неправда со стечајните работници. Поднесените закони носат придобивки за сите граѓани и затоа неопходно е сите пратеници од сите парламентарни партии да покажат одговорност и да го донесат предложените измени што се во интерес на граѓаните“, велат од владејачката партија.

Од СДСМ ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и да се откаже од блокадите и од опструкциите на Собранието, за мерките што носат добро за сите да бидат што побргу донесени.