Економија СДСМ: Власта се задолжува за изградба на инфраструктура, а троши на споменици

СДСМ: Власта се задолжува за изградба на инфраструктура, а троши на споменици

Доцна е сега за Никола Груевси лажно да ветува инвестиции во патната инфраструктура. Во 21 век, после 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, населените места ширум Македонија се уште немаат пат, канализација, водовод, одвод – се вели во соопштението на СДСМ.

Според опозициската партија, „Македонија денеска е единствена земја којашто ги задолжува граѓаните и идните генерации со огромни кредити за патната инфраструктура, додека се трошат милиони за споменици, тркала и барокни фасади.“

– Парите од панорамското тркало, кулата на Водно, „Рајската градина“ на ЕЛЕМ и други бројни непродуктивни милионски трошоци, веднаш треба да се пренаменат за граѓаните погодени од поплавите, но и за инвестиции во патната инфраструктура – се додава во соопштението на СДСМ.