Македонија СДСМ вечерва во Охрид со проектот „Визијата за Македонија“

СДСМ вечерва во Охрид со проектот „Визијата за Македонија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Охрид ќе одржи трибина, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“.

Трибината ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ во Охрид, со почеток во 19 часот.

На трибината може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани и да учествуваат во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ.